ТАКСИСТИТЕ ДА ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ – УЈП ги повикува граѓаните да пријават случаи кога таксисти не издаваат фискални сметки

Секој такси превозник е должен да користи мобилен фискален апарат и да издава сметка за секоја услуга. УЈП најавува засилени контроли, особено во туристичките региони.

ТАКСИСТИТЕ ДА ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ – УЈП ги повикува граѓаните да пријават случаи кога таксисти не издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да пријават таксисти кои не издаваат фискални сметки, на бројот 198 или на info@ujp.gov.mk.

„Контролите ќе се вршат во координација со други надлежни институции и ќе бидат насочени кон зголемување на дисциплината кај такси превозниците“, истакнуваат од УЈП.

Сите даночни обврзници кои вршат авто-такси превоз се обврзани да користат мобилни фискални апарати со ГПРС, да го регистрираат секој промет, да издаваат фискална сметка за секоја услуга и да водат евиденција во дневната книга за секој фискален апарат посебно.

CATEGORIES
Share This