ВАШИНГТОН ТВРДИ ДЕКА ИРАН Е ПРЕД КОЛАПС Техеран возвраќа, живеете во илузија

Гувернерот на иранската Централна банка ги отфрли американските тврдења за економски крах, додека податоците покажуваат драматичен пад на извозот на нафта по новите санкции и блокадата на пристаништата.

ВАШИНГТОН ТВРДИ ДЕКА ИРАН Е ПРЕД КОЛАПС Техеран возвраќа, живеете во илузија
Фото: Принтскрин

Иран остро ги отфрли американските тврдења дека неговата економија е пред колапс, оценувајќи ги како илузија на Вашингтон. Пораката ја испрати гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, за време на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок.Хемати нагласи дека процените на Соединетите Американски

Држави за економската состојба во Иран не ја одразуваат реалноста, и покрај засилениот американски економски притисок врз Техеран.

Неговата изјава доаѓа во период на дополнително заострување на американските мерки насочени кон ограничување на иранската трговија и финансиските врски со меѓународните пазари.

Во јули, Вашингтон повторно воведе блокада на иранските пристаништа, а на 24 август ја започна операцијата „Економски аутсајдер“, чија цел е прекинување на преостанатите финансиски и трговски врски на Иран со светската економија, пренесува Ројтерс.

Сепак, податоците за извозот на нафта укажуваат на сериозни последици од економските ограничувања.

Според платформата за енергетско разузнавање „Вортекс“, поморскиот извоз на иранска сурова нафта во втората недела од септември паднал на нула, откако во првите 14 дена од месецот просечно изнесувал 230.000 барели дневно.

Податоците покажуваат дека извозот останал на нулто ниво сè до 5 октомври.

И покрај ваквите показатели, иранските монетарни власти ги отфрлаат американските оценки за економски колапс, додека притисокот на Вашингтон врз Техеран продолжува.

CATEGORIES
TAGS
Share This