МБЕУМО ВО ЦРВЕНОТО СЕМЕЈСТВО Манчестер Јунајтед го претстави новото засилување

Една од најмногу коментираните фудбалски теми во последниот период доби официјална потврда – Брајан Мбеумо е нов член на Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот од Бретфорд вчера беше и формално претставен како ново засилување на „црвените ѓаволи“. Во својата прва изјава, Мбеумо со гордост истакна:
„Во моментот кога дознав дека постои можност да се приклучам на Манчестер Јунајтед, не се двоумев – ова е клубот од моите соништа.“
Тој додаде дека уште како дете го носел дресот на Јунајтед, а сега ќе го облече со бројот 19 – истиот што го носеше и во Брентфорд.
Брентфорд се прости од својот фудбалер со емотивно видео на социјалните мрежи, испраќајќи му искрени желби за успех во новиот предизвик на „Олд Трафорд“.
CATEGORIES Фудбал


