РЕГИСТРИРАНИ 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО – 7 сè уште активни
Надлежните служби и понатаму се на терен и апелираат на внимателност кај граѓаните за да се спречат нови пожари, особено во услови на високи температури и ветер.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се ставени под контрола, а 6 се целосно изгаснати.
Активни пожари:
- Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
- Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
- Македонски Брод 2 (реактивиран) – меѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (дабова шума и ниска вегетација)
- Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
- Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
- Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
- Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)
Пожари под контрола:
- Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден
- Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци
Целосно изгаснати пожари:
- Студеничани
- Крушево
- Македонски Брод (еден од пожарите)
- Куманово
- Липково
- Ранковце
Надлежните служби и понатаму се на терен и апелираат на внимателност кај граѓаните за да се спречат нови пожари, особено во услови на високи температури и ветер.
CATEGORIES Македонија


