ТАЈНА ДИПЛОМАТИЈА НА МАРГИНИТЕ НА НАТО САМИТОТ Средба Трамп – Зеленски без камери

Трамп претходно најави дека ќе се сретне со Зеленски, нагласувајќи дека ќе разговараат за предизвиците со кои се соочува Украина.

ТАЈНА ДИПЛОМАТИЈА НА МАРГИНИТЕ НА НАТО САМИТОТ Средба Трамп – Зеленски без камери
Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и украинскиот претседател, Владимир Зеленски, одржаа билатерална средба на маргините на самитот на НАТО. Средбата, според украинската новинска агенција УНИАН, траела околу 40 минути.

Ова е прва директна комуникација меѓу двајцата лидери по пауза од два месеци. Последен пат тие се сретнаа во април годинава во Ватикан. Планираниот состанок на самитот на Г7 во јуни не се реализираше поради предвремено заминување на Трамп поради случувањата на Блискиот Исток.

Информацијата за средбата првично беше објавена преку Telegram каналот на агенцијата УНИАН. Засега нема официјални фотографии или видеа од разговорот, ниту се објавени изјави од страна на двете делегации, што е разбирливо со оглед на неформалниот карактер на средбата.

Трамп претходно најави дека ќе се сретне со Зеленски, нагласувајќи дека ќе разговараат за предизвиците со кои се соочува Украина.

CATEGORIES
TAGS
Share This