КРАТКА СРЕДБА СИЉАНОВСКА-ТРАМП – Партнерство и заемна почит
Средбата со американскиот претседател Доналд Трамп претставува симболичен израз на заемна почит и потврда на партнерството меѓу двете земји

Фото: Социјални мрежи
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денес оствари кратка средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамки на Самитот на НАТО што се одржува во Хаг.
„Средбата со американскиот претседател Доналд Трамп претставува симболичен израз на заемна почит и потврда на партнерството меѓу двете земји. Македонија останува цврсто посветена на сојузништвото со САД, кое го сметаме за еден од клучните столбови на нашата надворешна и безбедносна политика, како во рамките на НАТО, така и на поширок меѓународен план“, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.
CATEGORIES Македонија


