КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Почнува Неделата на франкофонски филм

КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Почнува Неделата на франкофонски филм

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата, ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, која ќе се одржи од 23 до 30 јуни во Кинотеката на Македонија.

Манифестацијата ќе започне во понеделник, 23 јуни, во 20:00 часот со проекција на филмот „Ривиера“ од режисерот Орфеас Перецис, во француско-грчка копродукција.

Настанот ќе го отворат Кристина Василату, Вршителка на должност во Амбасадата на Грција, и Иго Бештел, Директор на Францускиот институт и Советник за култура во Амбасадата на Франција.

Сите филмови се прикажуваат со превод на македонски јазик, а дел од нив и со превод на француски.

Влезниците се резервираат и подигнуваат во Кинотеката.

CATEGORIES
Share This