ПУТИН ОТКРИВА НАЈИНТИМНА СТРАНА ОД СВОЈОТ ЖИВОТ Првпат зборува за својата внука
Ова е првпат Путин директно да спомене дека има внука, иако претходно има изјавено дека членовите на неговото семејство зборуваат кинески.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа состанок со директори и претставници на водечки светски новински агенции, на кој речиси два часа одговараше на прашања поврзани со актуелната меѓународна политика.
На средбата присуствуваа медиумски претставници од Комонвелтот на независни држави, Блискиот и Далечниот Исток, Европа и Австралија. Како што се очекуваше, најмногу се зборуваше за руските надворешни односи, особено со Кина.
Но, изненадувачки, Путин за првпат откри и дел од својот приватен живот – нешто што ретко се случува. Говорејќи за растечкиот интерес за кинескиот јазик во Русија, тој спомена член на своето семејство кој го изучува:
„Кога реков дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на внуката. Таа течно зборува кинески со професорка од Пекинг“, рече Путин.
Тој додаде дека неговата ќерка, уште на почетокот од 2000-тите, самостојно започнала да го учи јазикот:
„Сѐ започна затоа што имаше искрена желба. Ангажира учител и учеше со голем ентузијазам“, откри претседателот.
Ова е првпат Путин директно да спомене дека има внука, иако претходно има изјавено дека членовите на неговото семејство зборуваат кинески.
Путин има две ќерки од бракот со поранешната сопруга Људмила – Марија и Екатерина, но многу малку детали за нивниот приватен живот некогаш биле споделени со јавноста.


