ЗАДРЖУВАЊЕ НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА Прекин на сообраќајот кај Бошков мост
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по претежно суви коловози.

Фото: Национал
Според утринските информации од АМСМ, на граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез во државата, додека на Богородица задржувањето од македонска страна е приближно 30 минути.
На останатите гранични премини нема значителни задржувања при влез или излез од земјата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по претежно суви коловози.
Исклучок е патниот правец Р1202, делницата Бошков Мост – Дебар, каде што сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.
CATEGORIES Македонија


