ВМРО-ДПМНЕ НИЗ ОЧИТЕ НА ЕДЕН ВЕТЕРАН Повеќе од партија, идеја што трае

Тој заклучи дека токму тој длабок патриотски порив што постои меѓу членовите на партијата, ја одржал Македонија и денес, при што, како што додаде, се чувствуваат почитта и љубовта кон татковината.

ВМРО-ДПМНЕ НИЗ ОЧИТЕ НА ЕДЕН ВЕТЕРАН Повеќе од партија, идеја што трае
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На панел-дискусија по повод 35-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, ветеранoт Ламбе Арнаудов од Унијата на ветерани истакна дека силната приврзаност кон Македонија и патриотизмот кај членовите на партијата се клучни фактори за нејзината истрајност и развој до денес.

„Со целосна одговорност тврдам дека денешната ВМРО-ДПМНЕ, предводена од нашиот лидер Христијан Мицкоски и неговиот тим, е најдобрата верзија на идејата за ВМРО од 1893 година до денес. Тоа е чувство на чест, припадност и возвишеност – да се биде дел од едно вакво друштво, обединето во служба на Македонија“, изјави Арнаудов.

Тој нагласи дека историски постои силна врска меѓу ВМРО и македонската држава, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е создадена со мисија да ги штити националните интереси.

„Она што ВМРО-ДПМНЕ ме научи е да ги ставам личните желби настрана и да се посветам на исполнувањето на желбите на македонскиот народ и на мојата татковина. Верувам дека Македонија немаше да изгледа вака денес без постоењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Арнаудов.

Тој заклучи дека токму тој длабок патриотски порив што постои меѓу членовите на партијата, ја одржал Македонија и денес, при што, како што додаде, се чувствуваат почитта и љубовта кон татковината.

CATEGORIES
TAGS
Share This