ХАМНЕИ ГИ ПРЕНЕСЕ ОВЛАСТУВАЊАТА, ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ Трам вели дека засега нема да го убијат иако знае каде се крие
Иако Иран сè уште формално не прогласил воена состојба, судските власти јавно признаа дека земјата дејствува во режим на вонредна состојба. Преносот на власта се смета за превентивна мерка - чекор што би требало да го обезбеди континуитетот на командата во случај на смрт или неспособност на Хамнеи.

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, ги пренел клучните овластувања на Врховниот совет на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), дознава „Иран Интернешнл“. Оваа драматична и невообичаена одлука доаѓа по негово петдневно отсуство од јавноста и шпекулации за влошена здравствена состојба.
Според истите извори, Хамнеи бил преместен во подземен бункер во Лавизан, североисточно од Техеран, заедно со најблиските членови на своето семејство, меѓу кои е и неговиот син Мојтаба – потенцијален наследник.
Информацијата предизвика реакција и кај поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој преку социјалната мрежа „Вистина“ напиша:
„Точно знаеме каде се крие таканаречениот ‘Врховен водач’. Тој е лесна мета, но таму е безбеден – нема да го отстраниме. Барем засега.“
Иако Иран сè уште формално не прогласил воена состојба, судските власти јавно признаа дека земјата дејствува во режим на вонредна состојба. Преносот на власта се смета за превентивна мерка – чекор што би требало да го обезбеди континуитетот на командата во случај на смрт или неспособност на Хамнеи.


