ИЗРАЕЛ ГО ПРЕДУПРЕДИ ХАМНЕИ Ќе завршиш како Садам Хусеин

Според „Тајмс оф Израел“, Кац потсети и на израелскиот напад од претходниот ден врз седиштето на иранската државна телевизија IRIB во Техеран. Тој посочи дека и други делови од цивилната инфраструктура на иранскиот режим би можеле да бидат цели на идните операции.

ИЗРАЕЛ ГО ПРЕДУПРЕДИ ХАМНЕИ Ќе завршиш како Садам Хусеин
Фото: Принтскрин

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, го предупреди врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, дека ќе доживее „судбина слична на Садам Хусеин“. Ова го изјави за време на безбедносна проценка со највисоките претставници на Израелската одбрана (ИД).

„Го повикувам иранскиот диктатор да престане со воените злосторства и лансирањето ракети врз израелските цивили. Треба да се потсети на судбината на диктаторот од соседната земја, Ирак, кој тргна по истиот пат против Израел – рече Кац, алудирајќи на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, кој беше соборен во 2003 година и подоцна погубен.

Според „Тајмс оф Израел“, Кац потсети и на израелскиот напад од претходниот ден врз седиштето на иранската државна телевизија IRIB во Техеран. Тој посочи дека и други делови од цивилната инфраструктура на иранскиот режим би можеле да бидат цели на идните операции.

„Ќе продолжиме и денеска со напади врз режимски и воени цели во Техеран, како што направивме вчера против органи за пропаганда и поттикнување омраза. Ги повикувам жителите на Техеран да ги евакуираат тие зони според упатствата на портпаролот на Израелската одбрана на персиски јазик, заради нивна безбедност – додаде Кац.

CATEGORIES
TAGS
Share This