НАПАД ВО ВРЊАЧКА БАЊА Пукање кон политичка партија и полиција

На социјалните мрежи се појави видео од моментот на апсењето и пукањето, кое предизвика вознемиреност во јавноста.

НАПАД ВО ВРЊАЧКА БАЊА Пукање кон политичка партија и полиција
Фото: Принтскрин

Во Врњачка Бања синоќа се случил сериозен инцидент во кој 36-годишниот Иван Младеновиќ пукал со огнено оружје кон просториите на Српската напредна странка и подоцна кон припадници на полицијата. Полицијата интервенирала и го уапсила напаѓачот, а во неговите џебови била пронајдена дополнителна муниција.

На социјалните мрежи се појави видео од моментот на апсењето и пукањето, кое предизвика вознемиреност во јавноста. Според првичните информации, немотивиран напад е насочен кон членови на политичката партија, а потоа и кон органите на редот.

CATEGORIES
Share This