(ВИДЕО) ЧУДО МЕЃУ ПЕПЕЛТА Единствениот што излезе жив од урнатиот авион мирно и си зборува на телефон

И покрај физичкиот опоравок, Вишвас и неговото семејство сè уште се соочуваат со голема тага поради загубата на Ајај. Таткото на преживеаниот е постојано покрај неговиот кревет, но е премногу потресен за да даде изјава.

(ВИДЕО) ЧУДО МЕЃУ ПЕПЕЛТА Единствениот што излезе жив од урнатиот авион мирно и си зборува на телефон
Фото: Новости

Шокантна нова снимка го прикажува моментот кога единствениот преживеан од авионската несреќа на „Ер Индија“, британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш (40), мирно оди и зборува на телефон – додека авионот зад него гори и експлодира.

Тој е единствениот патник кој преживеал од летот АИ171 што се урна во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Ахмедабад, Индија, кон лондонскиот аеродром Гетвик. Во трагедијата загинаа сите останати 241 патници и членови на екипажот, а дополнителни десетици жртви се пријавени и на земја, бидејќи авионот падна во густо населен кварт.

Според последните информации, досега се пронајдени 270 тела.

На видеото снимено веднаш пред медицинскиот колеџ во близина на местото на падот, Вишвас се гледа како се оддалечува од местото на несреќата додека зад него беснее пожар. Облечен во обична облека, со мобилен телефон во рака, тој изгледа видно шокиран. Локалните жители панично викаат и повикуваат итна помош.

Во еден момент, човек со тиркизен турбан му приоѓа и извикува: „Авионот фатио че!“ (авионот експлодира).

Вишвас, кој престојувал во Индија речиси една година со својот брат, се враќал дома во Лондон, каде што живее неговото семејство. За жал, во несреќата го изгубил својот брат Ајај, кој седел до него на седиштето 11А.

Во своето сведоштво, Вишвас изјавил дека сè уште е во шок и не може целосно да го објасни хоророт што го преживеал. Тој успеал да се спаси откако дел од авионот паднал врз еднокатна зграда, а скршената врата му овозможила излез. Локални жители му пришле и го пренеле во болница.

Вратата беше скршена, моето седиште беше скршено… не скокнав, само излегов“ – рекол Вишвас.

Неговиот лекар потврдил дека е во стабилна здравствена состојба:

„Има лесни повреди – неколку гребнатини на левата подлактица, оток околу левото око, но без внатрешни повреди или скршеници. Градите и стомакот му се чисти, белите дробови не се оштетени“ – изјави тој.

И покрај физичкиот опоравок, Вишвас и неговото семејство сè уште се соочуваат со голема тага поради загубата на Ајај. Таткото на преживеаниот е постојано покрај неговиот кревет, но е премногу потресен за да даде изјава.

Во меѓувреме, истражните органи ја пронајдоа и втората црна кутија од авионот, која ќе помогне во прецизна реконструкција на последните моменти пред трагичната несреќа.

CATEGORIES
TAGS
Share This