НЕТАНЈАХУ ПОДРЖУВА ЛИКВИДАЦИЈА НА ИРАНСКИОТ ЛИДЕР – Атентатот на Хамнеи ќе го заврши конфликтот
Во интервју за американската телевизија ABC, Нетанјаху коментираше дека долготрајниот конфликт произлегува од иранскиот режим кој, како што рече, тероризира целиот Блиски Исток, шири саботажи и ја заканува нуклеарната безбедност во регионот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи би го завршило, а не би го ескалирало конфликтот меѓу Израел и Иран.
Во интервју за американската телевизија ABC, Нетанјаху коментираше дека долготрајниот конфликт произлегува од иранскиот режим кој, како што рече, тероризира целиот Блиски Исток, шири саботажи и ја заканува нуклеарната безбедност во регионот.
„Вечната војна“ е она што го сака Иран, но Израел се стреми да стави крај на оваа агресија, додаде премиерот. Запрашан дали Израел навистина планира да го таргетира Хамнеи, Нетанјаху рече дека Израел го прави она што е потребно, без да навлегува во детали, но потсети дека израелските сили веќе ги нападнале иранските врвни нуклеарни научници.
Тоа е нуклеарниот тим на Хитлер“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека во интерес на САД е да го поддржат Израел во борбата против иранската нуклеарна програма.
„Денеска е Тел Авив, утре е Њујорк“, додаде тој, повикувајќи се на опасностите од иранската политика и заканите по американската безбедност.
Премиерот го оцени претседателот Доналд Трамп како клучен сојузник на Израел и ја изрази благодарноста за неговата поддршка. Во однос на дипломатските обиди за продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма, Нетанјаху ги отфрли како лажни и обвини дека Иран користи дијалогот за измама и продолжување на развојот на нуклеарно оружје и балистички ракети.
„И Израел се бори против американскиот непријател“, нагласи Нетанјаху.
Во раните утрински часови на 13 јуни, Израел изведе напади врз воени и нуклеарни објекти во Иран, со цел да ја спречи земјата да се здобие со нуклеарно оружје. Во одговор, Иран изврши воздушни напади врз израелски територии, што ја влоши тензијата во регионот.


