ОНЛАЈН УПИСИТЕ ВО СРЕДНО СО ПРОБЛЕМИ Платформата блокирана од преоптовареност

Од Министерството за образование информираат дека досега се поднесени 10.600 апликации, а се очекува вкупно меѓу 16 и 17 илјади ученици да се запишат во првиот рок.

ОНЛАЈН УПИСИТЕ ВО СРЕДНО СО ПРОБЛЕМИ Платформата блокирана од преоптовареност
Фото: Принтскрин

Првиот уписен рок за средните училишта се одвива со технички потешкотии. Учениците кои се обидуваат да аплицираат онлајн преку платформата schools.mk се соочуваат со преоптоварен систем и чести блокади.

Многумина, заедно со своите родители, побарале помош директно во училиштата.

Од Министерството за образование информираат дека досега се поднесени 10.600 апликации, а се очекува вкупно меѓу 16 и 17 илјади ученици да се запишат во првиот рок.

Потврдуваат дека платформата функционира, но привремените прекини се резултат на зголемениот број на истовремени апликации.

Следниот, втор уписен рок ќе се одржи на 30 јуни, резултатите ќе се објават на 2 јули, а трет рок ќе има кон крајот на август, доколку останат слободни места.

CATEGORIES
Share This