МИЦКОСКИ ПРОТИВ ТРГОВСКИИ ТРИКОВИ Ќе следиме и ќе делуваме

Тој додаде дека Владата ќе го разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените по завршувањето на претходните владини мерки, по што ќе излезе со официјален став.

МИЦКОСКИ ПРОТИВ ТРГОВСКИИ ТРИКОВИ Ќе следиме и ќе делуваме
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените и е подготвена да реагира доколку се утврдат непринципиелни постапки од страна на трговците.

„Состојбата со цените ја следам одблиску. Нема да толерирам трикови – внимателно ги следиме случувањата во маркетите и доколку се забележат неприфатливи практики, ќе преземеме мерки. Јавноста ќе биде навремено информирана,“ изјави Мицкоски за време на настанот „Од нива до трпеза“ во општина Аеродром.

Тој додаде дека Владата ќе го разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените по завршувањето на претходните владини мерки, по што ќе излезе со официјален став.

Во однос на високите цени на одредени земјоделски производи, како што се црешите, Мицкоски објасни дека причината е во лошите временски услови.

„Цената на црешите не е 500, туку меѓу 200 и 300 денари за килограм, што и понатаму е високо. Причината е студеното време и елементарната непогода што влијаеше врз родот. Истото, за жал, ќе се одрази и врз јаболката – очекуваниот голем род ќе биде преполовен, ако не и трипати помал поради ниските температури што траеја со недели,“ изјави премиерот.

CATEGORIES
Share This