МАКЕДОНЦИ БАРААТ ПОМОШ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ИЗРАЕЛ Во тек се подготовки за враќање на 22 лица
Од МНР истакнуваат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со засегнатите граѓани, а институциите работат на обезбедување на сите потребни услови за нивно безбедно и навремено враќање.

Фото: Национал
Министерството за надворешни работи соопшти дека досега вкупно 22 лица побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија.
Станува збор за македонски државјани и членови на нивните потесни семејства.
Во тек се активности за нивна евакуација и транспорт до безбедна локација, од каде што ќе се организира нивното враќање во земјата.
Од МНР истакнуваат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со засегнатите граѓани, а институциите работат на обезбедување на сите потребни услови за нивно безбедно и навремено враќање.
CATEGORIES Македонија


