МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС – СДСМ пред тотален пораз, може да не освои ниту една општина
На отворањето свое обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази силна увереност дека ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне убедлива победа на претстојните локални избори.

Во наредните два дена, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на обука посветена на одржлив локален развој за подобра иднина. Настанот се организира од Политичката академија (ПИАЦ) на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со фондацијата КАС, а свечено беше отворен од претставници на двете организации.
На отворањето свое обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази силна увереност дека ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне убедлива победа на претстојните локални избори. Според него, постои реална можност СДСМ да не освои ниту една општина, што, како што рече, ќе биде јасна порака дека „времето на Македонија доаѓа“.
Мицкоски нагласи дека земјата се наоѓа во фаза на забрзана трансформација, што се одразува преку раст на бројот на туристи, зголемено индустриско производство и пораст на капиталните инвестиции.
Целта на Владата, според него, е амбициозна, но остварлива – номинален БДП од над 20 милијарди долари до крајот на мандатот.
„Ова ќе значи посилна економија и повисок животен стандард за граѓаните,“ изјави тој.
Инвестициите што ќе го поттикнат овој раст доаѓаат од државни, приватни и странски извори, а Мицкоски подвлече дека тоа се резултати на подобрената бизнис и политичка клима во земјата.


