ОСУДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БУГАРАШОТ ОД БИТОЛА – Љубчо Георгиевски разочаран од судењето на бугарашите кои негираат сѐ што е македонско

Поранешниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, кој сведочеше на судењето, беше крунски сведок во постапката против неговиот имењак.

ОСУДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БУГАРАШОТ ОД БИТОЛА – Љубчо Георгиевски разочаран од судењето на бугарашите кои негираат сѐ што е македонско
Фото: Принтскрин

Пресудата со која поранешниот претседател на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, Љупчо Георгиевски, е осуден на една година условна казна затвор, наиде на остри реакции од ВМРО-Народна партија. Од таму ја оценуваат судската одлука како „враќање на вербалниот деликт“, сличен на оној што, како што наведуваат, бил применуван во времето на комунистичка Југославија.

Во соопштението, ВМРО-Народна оценува дека станува збор за „недемократски чин“ кој, според нив, има за цел да ги заплаши граѓаните и да ги одврати од слободно изразување на нивните убедувања. Партијата смета дека со оваа одлука се напаѓа и македонската историја преку, како што наведуваат, „обид за судење на историската улога на Ванчо Михајлов – нешто што не го направила ниту тогашната комунистичка власт“.

„Одлуката на судот го разголува лицемерството на македонскиот правосуден систем, особено кога српски претставници на настани како одбележувањето на Зебрњак, Брегалничката битка, Денот на победата во Битола или Валандовското востание, користат термини како ‘Јужна Србија’, ‘Стара Србија’ или ‘ослободување на Србите во Македонија’, без никакви правни последици“, стои во реакцијата на партијата.

Од ВМРО-Народна дополнуваат дека пресудата отвора и прашања од пошироко правно и политичко значење, имајќи предвид дека според статутот на ВМРО-ДПМНЕ, постои формално утврден историски континуитет со трите конгреси на ВМРО кои биле под водство на Ванчо Михајлов.

Поранешниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, кој сведочеше на судењето, беше крунски сведок во постапката против неговиот имењак.
Пресудата сè уште не е правосилна и се очекува да следуваат жалбени постапки.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This