УНГАРСКА ВОЕНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА Унапредување на воената соработка

Посетата е дел од континуираните напори за продлабочување на соработката меѓу двете армии, со акцент на заедничка обука, размена на искуства и зајакнување на капацитетите во рамки на НАТО.

УНГАРСКА ВОЕНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА Унапредување на воената соработка
Фото: Принтскрин

Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Габор Беренди, престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Според соопштението од Генералштабот на Армијата, унгарската делегација денеска беше свечено пречекана со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид. По пречекот, генералот Беренди ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Главни теми на разговорите се унапредување на билатералната воена соработка, процесите на трансформација и модернизација на Армијата, интензивирање на соработката помеѓу специјалните единици, како и можностите што ги нуди армискиот полигон „Криволак“.

Посетата е дел од континуираните напори за продлабочување на соработката меѓу двете армии, со акцент на заедничка обука, размена на искуства и зајакнување на капацитетите во рамки на НАТО.

CATEGORIES
Share This