ПРОБЛЕМАИТЧНА ПРАКСА – ЈП „Водовод и канализација“ објавува лични пораки од Данела Арсовска

Јавноста со право прашува: дали официјалните канали на јавните претпријатија треба да бидат алатка за лична пресметка и политичка комуникација, или сервис за навремено и објективно информирање на граѓаните?

ПРОБЛЕМАИТЧНА ПРАКСА – ЈП „Водовод и канализација“ објавува лични пораки од Данела Арсовска
Фото: Фејсбук

На официјалната Фејсбук страница на Јавното претпријатие „Водовод и канализација Скопје“, кое функционира со средства на скопјани, во последно време сè почесто се појавуваат содржини кои немаат врска со основната дејност на претпријатието. Наместо известувања за прекини во водоснабдувањето, тековни интервенции или важни објави за граѓаните, се споделуваат лични преписки и ставови на градоначалничката Данела Арсовска.

Последен пример за ова е објава на службениот Фејсбук профил на ЈП, во која се пренесува реакција на Арсовска упатена кон градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Повод за прозивките беше гостувањето на Стојкоски во емисија на ТВ Алфа, каде тој јавно демантираше шпекулации за изградба на „хемиски фабрики“ во неговата општина, презентирајќи аргументи во прилог на својата изјава.

Наместо одговор преку личен профил или институционални канали, Арсовска преку официјалниот канал на ЈП „Водовод и канализација“ му се обрати на колегата со саркастичен тон и со пост преполн со емотикони, каде пишува:

„Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло на ТВ Алфа…“

Ваквиот вокабулар, сам по себе, заслужува реакција, но уште поголема загриженост буди фактот што јавна институција се користи за политички и лични пресметки. Според упатени извори, ова не е првпат службениот профил на претпријатието да се користи за промовирање на лични ставови на градоначалничката. Комбинацијата од сервисни информации и лични прозивки, како „Фетак“, „Висарче мое“, „Орценце, каде си?“ и слични, создава слика на институција која ја губи својата функционална улога.

Актуелниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ е Тони Миновски – петтиот по ред во мандатот на Арсовска. Според некои извори, неговата позиција е директно поврзана со лојалноста кон градоначалничката, која го постави на функцијата и има можност во секој момент да го смени – како што веќе направи со неговите четири претходници.

Јавноста со право прашува: дали официјалните канали на јавните претпријатија треба да бидат алатка за лична пресметка и политичка комуникација, или сервис за навремено и објективно информирање на граѓаните?

CATEGORIES
Share This