МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА СТУДЕНТИТЕ Ваучери за телефони, компјутери и таблети

Според владините пресметки, мерката ќе опфати околу 55.000 студенти од државните и приватните универзитети низ земјата. Со добиените ваучери, студентите ќе можат да купат мобилни телефони, компјутери или таблети.

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДРЖАВНА ПОМОШ ЗА СТУДЕНТИТЕ Ваучери за телефони, компјутери и таблети
Фото: Влада

Студентите во Македонија ќе ги добијат најавените ваучери во висина од 250 евра за купување електронски уреди во септември, непосредно пред почетокот на новата академска година. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што информираше Мицкоски, критериум за добивање на ваучерот ќе биде студентот да има заверен семестар. Тој истакна дека средствата за оваа мерка се веќе планирани во Буџетот за 2025 година.

„Процедурата во рамките на Владата е веќе започната. Се дефинираат критериумите и се чека почетокот на новата студентска година, бидејќи еден од условите е студентите да имаат заверен семестар. Очекуваме и новите студенти (бруцошите) да го заверат првиот семестар за да можат да ги добијат овие 250 евра поддршка од државата“, изјави премиерот.

Според владините пресметки, мерката ќе опфати околу 55.000 студенти од државните и приватните универзитети низ земјата. Со добиените ваучери, студентите ќе можат да купат мобилни телефони, компјутери или таблети.

Владата веќе воспоставила контакт со компаниите кои нудат електронски уреди на македонскиот пазар. Целта е да се утврди соодветна методологија за распределба на средствата и спроведување на мерката. Уште во декември минатата година, портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека е отпочната комуникацијата со овие компании.

Мерката се очекува да биде реализирана непосредно пред Локалните избори, што поттикна дел од јавноста да ја поврзе оваа иницијатива со предизборни активности.

CATEGORIES
Share This