СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА Зборуваат обвинителките
Случајот предизвика силна јавна реакција, а исходот од судскиот процес внимателно го следи домашната јавност.

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На рочиштето се очекува Обвинителството да ги изнесе своите завршни зборови, а пред судот ќе се обратат обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска.
Во претходното рочиште, тие истакнаа дека располагаат со цврсти докази кои, според нив, недвосмислено ги поврзуваат обвинетите со кривичните дела. Обвинителството тврдеше дека обвинетиот Александар Ѓорчевски му дал информација на првообвинетиот Панчо Палевски дека на 27 ноември 2023 година Вања ќе оди сама на училиште.
Сепак, конкретни материјални докази за ова тврдење не беа презентирани пред судот. По излагањето на Обвинителството, своите завршни зборови ќе ги дадат и обвинетите, а прв треба да се обрати токму Ѓорчевски.
Случајот предизвика силна јавна реакција, а исходот од судскиот процес внимателно го следи домашната јавност.


