ПСИХОЛОШКА И МЕДИЦИНСКА ПОДРШКА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА – Пониква станува центар за закрепнување

Станува збор за објект со 27 соби и капацитет од 56 легла. Центарот ќе функционира во периодот од 10 јуни до 20 август, со можност за продолжување доколку здравствените тимови проценат дека има потреба.

ПСИХОЛОШКА И МЕДИЦИНСКА ПОДРШКА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА – Пониква станува центар за закрепнување
Фото: Влада

Одморалиштето Пониква ќе биде пренаменето во рехабилитациски центар за граѓаните повредени во неодамнешната трагедија во Кочани. Одлуката беше донесена на вчерашната владина седница, информираат од Владата. Министерството за внатрешни работи ќе го стави објектот на располагање на Министерството за здравство, кое ќе ја координира грижата за пациентите.

Станува збор за објект со 27 соби и капацитет од 56 легла. Центарот ќе функционира во периодот од 10 јуни до 20 август, со можност за продолжување доколку здравствените тимови проценат дека има потреба.

На повредените ќе им биде обезбедена целосна здравствена нега, психолошка поддршка, како и сместување и оброци, а сите трошоци ќе ги покријат Владата и МВР. За нивната грижа ќе биде ангажиран тим од лекари и медицински персонал, кој исто така ќе биде сместен во објектот.

„Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита,“ се наведува во соопштението.

Целта на оваа иницијатива е на повредените да им се овозможи побрзо и поефикасно закрепнување во соодветни услови.

CATEGORIES
Share This