НАЈСМРТОНОСЕН НАПАД ВО АВСТРИСКО УЧИЛИШТЕ Што знаеме досега?

Министерството за внатрешни работи апелираше до јавноста да не споделува видеа или слики на социјалните мрежи, туку истите да се прикачуваат на официјалната полициска платформа, со цел да се зачува достоинството на жртвите и да се поддржи истрагата.

НАЈСМРТОНОСЕН НАПАД ВО АВСТРИСКО УЧИЛИШТЕ Што знаеме досега?
Фото: Принтскрин

Во шокантен настан што ја потресе Австрија, 21-годишниот Артур А. утрово изврши вооружен напад во средното училиште БОРГ во Грац, при што загинаа десет лица, а единаесетмина се тешко повредени.

Според официјални информации, напаѓачот бил вооружен со пиштол и сачмарка. По нападот, тој извршил самоубиство во училишниот тоалет. Меѓу жртвите има осум ученици и двајца наставници.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, на денешната прес-конференција потврди дека напаѓачот е идентификуван и дека истрагата е во тек. ИТ-експерти моментално ги анализираат неговите дигитални уреди за да се утврдат мотивите.

Првичните информации укажуваат дека Артур се чувствувал изолирано и малтретирано за време на своето образование. Се претпоставува дека нападот е резултат на длабоко вкоренета фрустрација и одмазда, иако сè уште не е јасно зошто го извршил години подоцна.

Во станот на напаѓачот биле пронајдени проштално писмо и видео, што дополнително ќе се анализираат во рамки на истрагата. Според извештаите, едно од оружјата било набавено неодамна, што укажува на претходно планирање.

Министерството за внатрешни работи апелираше до јавноста да не споделува видеа или слики на социјалните мрежи, туку истите да се прикачуваат на официјалната полициска платформа, со цел да се зачува достоинството на жртвите и да се поддржи истрагата.

CATEGORIES
Share This