МАЈКА НА 16 ГОДИНИ, СЕГА ПРВА ДАМА Марта ја освојува Полска

МАЈКА НА 16 ГОДИНИ, СЕГА ПРВА ДАМА Марта ја освојува Полска
Фото: Фејсбук

Новата прва дама на Полска, Марта Навроцки, е личност која привлекува внимание не само со својот изглед, туку и со својата необична животна приказна.

Полска неодамна доби нов претседател – Карол Навроцки, историчар со контроверзна репутација, поранешен боксер со „тврда десничарска“ реторика и отворен симпатизер на политиките на Доналд Трамп. Тој ја доби трката за претседател по драматичен пресврт во последниот момент, а медиумите исто толку внимание ѝ посветуваат и на неговата сопруга – Марта.

Марта и Карол наскоро ќе се вселат во претседателската палата во Варшава. Во јавноста, Марта се истакна како силна, решителна жена, секогаш подготвена да му даде поддршка на својот сопруг, особено за време на интензивната кампања. Таа делува како природно продолжение на неговиот имиџ на „тврдо момче“ – тој снимаше видеа на стрелишта и боксерски рингови, а таа отворено зборува за опасностите со кои се соочувала во секојдневниот живот.

„Понекогаш може да биде навистина опасно на теренот. Никогаш не знаете со кого ќе се соочите – особено ако луѓето се под дејство на алкохол или дрога. Може да станат многу агресивни“, изјавила Марта во едно интервју.

Марта има три деца. На 16 години го родила првото – Даниел (денес 21-годишен) од претходна врска. Со Карол имаат уште две деца: синот Антонио (15) и ќерката Катарина (7). Уште од мала се занимавала со балет и танц, страсти кои сè уште ги негува, но во исто време сака активности кои се сосема спротивни – како аркадни видео игри и вежбање на стрелишта.

Од февруари таа е на неплатено отсуство, посветувајќи се целосно на поддршката за сопругот во неговата политичка кампања. И Марта и Карол отворено ги споделуваат своите конзервативни ставови, ставајќи го семејството како централен дел од своите јавни настапи и вредности.

Кога Марта и Карол се запознале, нејзининото прво дете имало само две години – но тоа не го поколебало Карол. Напротив, бил фасциниран од младата мајка која сама се грижела за дете, додека во исто време студирала.

„Првпат го видов во спортска облека, во едната рака држеше книга, а во другата – поводник за куче“, раскажува Марта. Тоа било доволно за да го привлече нејзиното внимание и, очигледно, да го освои нејзиното срце.

CATEGORIES
TAGS
Share This