АНА ЧУПЕСКА НАЈАВУВА СОРАБОТКА СДСМ-ДУИ Али Ахмети е искусен политичар и ги застапува интересите на луѓето

Таа додаде дека коалиција би била можна доколку се постигне договор за принципиелни позиции што нема да бидат компромитирани.

АНА ЧУПЕСКА НАЈАВУВА СОРАБОТКА СДСМ-ДУИ  Али Ахмети е искусен политичар и ги застапува интересите на луѓето
Фото: Принтскрин „Претрес“

Во рамки на гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“, потпретседателката на СДС, Ана Чупевска, зборуваше за можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) на претстојните локални избори.

И покрај негативниот резултат на претходните избори, СДС не ја исклучува можноста за повторна соработка со партијата на Али Ахмети. На прашањето дали СДС повторно ќе коалицира со ДУИ, Чупевска изјави:

„Ние сме отворени за соработка со сите партии, вклучувајќи ја и ДУИ. Коалициите ќе бидат прилагодени на околностите и ќе зависат од изборот на кандидатите.“

Таа додаде дека коалиција би била можна доколку се постигне договор за принципиелни позиции што нема да бидат компромитирани. Говорејќи за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Чупевска истакна:

„Али Ахмети е искусен политичар. Тоа е збор кој многу кажува. Тој има големо искуство во политиката и вешто ги застапува интересите на луѓето што ги претставува.“

CATEGORIES
TAGS
Share This