ОСМИ МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ ВО КОЧАНИ Тишината маршира гласно

Маршот се одржува како дел од континуираните активности на граѓаните и семејствата на жртвите, кои ја одржуваат жива борбата за откривање на вистината и санкционирање на одговорните.

ОСМИ МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ ВО КОЧАНИ Тишината маршира гласно

Денеска во Кочани ќе се одржи осмиот по ред „Марш за ангелите“ – тивок, но одлучен протест во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Настанот, кој има за цел да ја потсети јавноста и институциите на потребата од одговорност и правда, ќе започне во 16:05 часот од Паркот на револуцијата – време што симболично го отсликува доцнењето на институционалната реакција по трагичниот настан.

Маршот ќе се движи по однапред утврдена рута: од паркот, преку трговскиот центар, Општинската зграда и Полициската станица, со завршна точка пред Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани.

Организаторите упатија апел до сите граѓани што ја поддржуваат борбата за вистина и правда да се приклучат на маршот. Особен повик е упатен до семејствата на повредените – за да маршираат заедно, во знак на солидарност и поддршка.

„Ќе продолжиме да бараме правда за нашите деца, сè додека не ја добиеме,“ се вели во соопштението од организаторите.

Маршот се одржува како дел од континуираните активности на граѓаните и семејствата на жртвите, кои ја одржуваат жива борбата за откривање на вистината и санкционирање на одговорните.

CATEGORIES
Share This