ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОСТЕН Изложба на дела од 15 значајни жени уметници

По повод 80 години од своето постоење (1945-2025), организацијата ОСТЕН организира изложба посветена на 15 македонски жени уметници чија долга и плодна соработка значително ја збогатила колекцијата на ОСТЕН.

ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОСТЕН Изложба на дела од 15 значајни жени уметници
Фото: Принтскрин

По повод 80 години од своето постоење (1945-2025), организацијата ОСТЕН организира изложба посветена на 15 македонски жени уметници чија долга и плодна соработка значително ја збогатила колекцијата на ОСТЕН.

На изложбата ќе бидат претставени слики, цртежи и видеа од следните авторки: Анка Данаиловска, Евгенија Демниевска, Петра Јовановска, Мирјана Крстева Масетти, Росица Лазеска, Татјана Манева, Јана Манева Чупоска, Љубица Мешкова Солак, Касиопеја Наумоска, Јасминка Новковска, Марија Павловска, Ирена Паскали, Марија Светиева, Ана Темкова и Симонида Филиповa Китановска.

Изложбата беше свечено отворена синоќа во 19:00 часот во галеријата „Остен“.

CATEGORIES
Share This