НОВИОТ ГУВЕРНЕР СЛАВЕСКИ УВЕРУВА Фиксен курс, стабилна економија
Во своето прво официјално обраќање, Славески нагласи дека македонскиот денар е зајакнат во реален износ, што, според него, влијае врз конкурентноста на домашната економија.

Новиот гувернер на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, категорично тврди дека нема да има девалвација на денарот и дека девизниот курс ќе остане фиксен.
Во своето прво официјално обраќање, Славески нагласи дека македонскиот денар е зајакнат во реален износ, што, според него, влијае врз конкурентноста на домашната економија.
„Денарот е реално зајакнат за 5,4 проценти во однос на нашите трговски партнери, а дури 9 проценти во однос на еврото. Тоа директно се одразува на конкурентноста на нашите производи и го отежнува извозот, особено во трудоинтензивните сектори“, изјави Славески, предупредувајќи дека македонскиот извоз станува прескап за странските пазари.
Главна причина за ваквата состојба, според Славески, е високата инфлација која земјата ја бележи од ноември 2022 до јануари оваа година – речиси двојно повисока од онаа во еврозоната. Тој додаде дека „разликата во конкурентноста“ би се намалила доколку инфлацијата во Македонија се врати на нивото на европското просек. Сепак, не откри конкретни мерки кои Народната банка планира да ги преземе за стабилизирање на инфлацијата.
На прашањето дали е можен премин кон флексибилен девизен курс, Славески беше дециден:
„Фиксниот девизен курс останува. Дај Боже, во догледна иднина Македонија да стане членка на Европската унија и да го воведе еврото како национална валута“.
На крајот од изјавата, гувернерот Славески нагласи дека приоритети на централната банка остануваат: ниска и стабилна инфлација, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата.


