ИЗМАМА ВО СКОПЈЕ Поверувала на непознат и остана без 1.800 евра
Во страв и вознемиреност, жената ги оставила парите на однапред договорено место. Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

88-годишна жена од Скопје пријавила во СВР Скопје дека била жртва на измама во која изгубила 1.800 евра. Настанот се случил вчера околу 10 часот наутро, а случајот бил пријавен во полиција во 15:30 часот.
Според пријавата, непознато машко лице ѝ се јавило на телефон и ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа при што прегазила дете. За да избегне наводна затворска казна, измамникот побарал парична сума.
Во страв и вознемиреност, жената ги оставила парите на однапред договорено место. Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


