ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ ЗНАЧИ СЛЕПА ПОКОРНОСТ Ќе ја браниме нашата сувереност во ЕУ и НАТО

Тој подвлече дека словачката надворешна политика ќе остане ориентирана „кон сите четири страни на светот“, а не само кон една насока, и заклучи дека Братислава и натаму ќе биде дел од европското и евроатлантското семејство, но со јасна намера да ги брани сопствените интереси.

ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ ЗНАЧИ СЛЕПА ПОКОРНОСТ Ќе ја браниме нашата сувереност во ЕУ и НАТО
Фото: Принтскрин

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека земјата останува цврсто посветена на членството во Европската унија и НАТО, но подвлече дека Владата нема да молчи кога се работи за националните интереси.

„Словачка нема намера да се дистанцира од ЕУ и НАТО. Тоа е лага што ја шират некои медиуми и опозицијата,“ рече Фицо, реагирајќи на изјавите на претседателот Петер Пелегрини, кој претходно ја повика Владата да го почитува ставот на партнерите, дури и кога постојат разлики во мислењето.

Фицо посочи дека Владата ќе ја продолжи соработката со сојузниците, но нема да прифати политика на слепа послушност.

„Сакаме да бидеме суверени членки на ЕУ и НАТО. Тоа значи дека нема да прифаќаме позиции што се спротивни на нашите интереси само за да не нè критикуваат,“ додаде тој.

Премиерот особено реагираше на прашањата поврзани со енергетиката и економската штета која, според него, Словачка ја претрпела од украинската страна.

„Дали треба да молчиме кога некој ни вели да престанеме да користиме руско нуклеарно гориво? Дали треба да премолчиме дека Зеленски ни нанесе штета од 500 милиони евра прекинувајќи го транзитот на гас?“, праша Фицо.

Тој подвлече дека словачката надворешна политика ќе остане ориентирана „кон сите четири страни на светот“, а не само кон една насока, и заклучи дека Братислава и натаму ќе биде дел од европското и евроатлантското семејство, но со јасна намера да ги брани сопствените интереси.

CATEGORIES
Share This