МУЦУНСКИ ЗГРОЗЕН ОД РУСКИТЕ НАПАДИ Солидарност со Украина
Неговата изјава доаѓа во период кога тој престојува во Соединетите Американски Држави, каде што учествува на работата на Парламентарното собрание на НАТО.

Шефот на дипломатијата Тичко Муцунски преку социјалните мрежи изрази длабока загриженост поради најновите руски напади врз украинската престолнина Киев и други градови во земјата.
„Ужаснат сум од најновите руски напади врз Киев и другите украински градови. Уште еднаш, невини цивили – вклучувајќи деца ја платија цената. Се солидаризираме со Украина. Напорите за прекин на огнот и за праведен мир мора да се забрзаат“, порача Муцунски.
Неговата изјава доаѓа во период кога тој престојува во Соединетите Американски Држави, каде што учествува на работата на Парламентарното собрание на НАТО. Во рамки на посетата, Муцунски присуствуваше и на прием организиран во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“, на кој беше присутен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Настанот беше посветен на одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот договор.


