КАМИОНИТЕ ЗАПРЕНИ НА СТРАЖА Воведена забрана за сообраќај на патот Гостивар – Кичево

Забраната стапи во сила во 18 часот поради условите на патот и ќе важи до нејзино укинување од надлежните.

КАМИОНИТЕ ЗАПРЕНИ НА СТРАЖА Воведена забрана за сообраќај на патот Гостивар – Кичево
Фото: Принтскрин

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, поради влошените услови на патот.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека забраната стапила во сила денеска во 18 часот.

Забраната ќе важи до подобрување на состојбата на патот и нејзино официјално укинување од надлежните служби.

Возачите на тешки товарни возила се повикуваат да ја почитуваат забраната и да ги следат информациите за состојбата на патиштата.

CATEGORIES
Share This