ИСТРАГА ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ГОСТИВАР 52-годишник ја претепал сопругата и ја избодел со остар предмет, жената е на интензивна нега
Жената била пронајдена во бесознание и итно пренесена на скопските клиники. Според лекарските наоди, има четири скршени ребра, крварење во главата и сериозни повреди на градниот кош. Таа е задржана на интензивно лекување на КАРИЛ.

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага за обид за убиство против 52-годишен маж од селото Топлица, кој брутално ја нападнал својата 42-годишна сопруга.
За време на семејна расправија, осомничениот ја удирал жената со физичка сила и остар предмет во главата, лицето и телото, нанесувајќи ѝ повеќе тешки повреди, убодни рани и скршеници на ребрата.
Жената била пронајдена во бесознание и итно пренесена на скопските клиники. Според лекарските наоди, има четири скршени ребра, крварење во главата и сериозни повреди на градниот кош. Таа е задржана на интензивно лекување на КАРИЛ.
Осомничениот, кој според МВР има нарушено ментално здравје, бил приведен и спроведен во Психијатриската болница во Бардовци. При приведувањето пружал отпор и повредил полициски службеник.
Обвинителството побара притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за довршување на кривичното дело. Засега нема информации за евентуално психијатриско вештачење.

