МОСКВА Ѝ ПОРАЧА НА ЕРМЕНИЈА Не можете да бидете и со ЕУ и со Русија

Портпаролот на Путин најави дека изборот меѓу Европската Унија и Евроазиската економска унија ќе биде една од главните теми на претстојната средба со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

МОСКВА Ѝ ПОРАЧА НА ЕРМЕНИЈА Не можете да бидете и со ЕУ и со Русија
Фото: Принтскрин

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, порача дека Ерменија во одреден момент ќе мора да избере дали ќе го продолжи патот кон Европската Унија или ќе остане во Евроазиската економска унија, предводена од Русија.

Песков истакна дека ова прашање ќе биде една од главните теми на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

„Фокусот на Европската Унија и желбата за продолжување на процесот на интеграција во рамките на Евроазиската економска унија се некомпатибилни. За ова разговаравме неколкупати. Ерменската страна мора да направи избор“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.

Изјавата доаѓа во период на засилени дебати за надворешнополитичката ориентација на Ерменија и нејзините односи со Москва и Брисел.

CATEGORIES
Share This