НЕ СУМ КУФЕР ЗА ДА МЕ СТАВИТЕ ВО АВИОН Зеленски со контрапредлог до Лукашенко – донеси го Путин во Киев
Украинскиот претседател го оцени предлогот за негово носење во Москва како несериозен и иронично порача дека Лукашенко може да го донесе Путин во Киев, каде што, како што рече, ќе им биде гарантирана безбедноста.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли како „целосно несериозен“ предлогот на белорускиот лидер Александар Лукашенко лично да го однесе во Москва на преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски иронично порача дека не е куфер што некој може едноставно да го стави во авион и да го испрати во Москва, но истовремено упати контрапредлог до белорускиот лидер – наместо него, да го донесе Путин во Киев.
„Нека Лукашенко го земе Путин и да лета со него во Киев. А ние ќе гарантираме нивно безбедно пристигнување. На крајот на краиштата, станува збор за преговори“, изјави Зеленски.
Со оваа изјава украинскиот претседател директно му возврати на Лукашенко, претворајќи го неговиот предлог во провокативна порака до Москва.
ЛУКАШЕНКО СО НЕОБИЧНА ПОНУДА ЗА ЗЕЛЕНСКИ Ќе те однесам во Москва и лично ќе ти гарантирам безбедност

