РАСТЕ ЦЕНАТА НА ШЕЌЕРОТ ВО СВЕТОТ Причините се поради стравувањата од послабо производство и глобален недостиг
Загриженост предизвикува и феноменот „Супер Ел Нињо“, кој би можел да го наруши режимот на врнежи во Бразил, Индија и Тајланд – три од најголемите светски производители на шеќер.

Светските цени на шеќерот достигнаа највисоко ниво во последните десетина дена, поттикнати од прогнозите за намалено производство во Индија и загриженоста за временските услови во главните земји производители.
Се очекува производството во Индија во сезоната 2026–2027 да се намали за 5,4 %, на 26,5 милиони тони. Дополнителен притисок врз глобалната понуда создаваат и неповолните временски услови во Бразил, каде што врнежите ја забавија жетвата и преработката на шеќерна трска.
Загриженост предизвикува и феноменот „Супер Ел Нињо“, кој би можел да го наруши режимот на врнежи во Бразил, Индија и Тајланд – три од најголемите светски производители на шеќер.
Глобалното производство во сезоната 2026–2027 се очекува да се намали за околу 1 %, на 180,1 милион тони, додека се прогнозира дефицит од околу еден милион тони.
Падот на производството во главните земји производители, заедно со намалените глобални залихи, може да продолжи да влијае врз цените на шеќерот на светските пазари во наредниот период.

