МЛАДИНИ И ЛЕОНАРДО ГО УБЕДУВАЛЕ, НО НЕ УСПЕАЛЕ Гвардиола ја одбил Италија
Паоло Малдини и Леонардо лично го контактирале во име на Италијанската фудбалска федерација, но по 18 години тренерска работа Шпанецот решил да направи пауза и да му се посвети на семејството.

Пеп Гвардиола откри дека одбил да седне на селекторската клупа на италијанската фудбалска репрезентација, иако понудата му претставувала големо признание. Шпанскиот стратег објасни дека по долгогодишната тренерска кариера му бил потребен одмор, време за себе и за семејството.
Во интервју за ESPN, во емисијата на Ромарио ТВ, Гвардиола за првпат јавно потврди дека имал разговори со претставници на Италијанската фудбалска федерација.
„Првпат зборувам за ова, но да, разговарав со нив. Ми беше непријатно, но морав да ја одбијам Италија“ изјави Гвардиола.
Тој не криеше дека можноста да ја предводи една од најтрофејните светски репрезентации за него би била огромна чест. Зад обидот да биде ангажиран шпанскиот тренер стоеле и две легенди на италијанскиот фудбал – Паоло Малдини и Леонардо, кои го контактирале во име на федерацијата и му ја пренеле поканата.
Сепак, Гвардиола решил да не ја прифати понудата.
„Сфатив дека ми треба одмор објасни тој, посочувајќи дека по 18 години тренерска работа и постојан интензивен распоред со натпревари на секои неколку дена, дошло време да направи пауза.
Гвардиола зад себе има десетгодишен престој на клупата на Манчестер Сити, по што во моментов е без тренерски ангажман. Иако одлучил да се одмори, неговото име и понатаму се поврзува со големи фудбалски проекти. Шпанските и италијанските медиуми пишуваат за интерес од клубови во Саудиска Арабија, но и за можноста да ја преземе тамошната репрезентација.
Италија не е единствената репрезентација што се споменуваше како можна следна дестинација на Гвардиола. Неодамна тој беше посочуван и како потенцијален наследник на Маурисио Покетино на селекторската позиција на Соединетите Американски Држави.

