НАЈВИСОКО АМЕРИКАНСКО ЦИВИЛНО ОДЛИКУВАЊЕ ЗА РУДИ ЏУЛИЈАНИ Трамп ќе му го врачи медалот во Овалната соба

Поранешниот градоначалник на Њујорк ќе го добие Претседателскиот медал на слободата на церемонија во Овалната соба, која, според „Фокс њуз“, ќе биде затворена за медиумите.

НАЈВИСОКО АМЕРИКАНСКО ЦИВИЛНО ОДЛИКУВАЊЕ ЗА РУДИ ЏУЛИЈАНИ Трамп ќе му го врачи медалот во Овалната соба
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе му додели високо државно признание на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (82). Тој ќе го добие Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно одликување во Соединетите Американски Држави.

Церемонијата ќе се одржи во Овалната соба во Белата куќа, а според информациите објавени од „Фокс њуз“, настанот ќе биде затворен за медиумите.

Претседателскиот медал на слободата, заедно со Конгресниот златен медал, претставува највисоко цивилно признание во САД.

Одликувањето им се доделува на поединци кои оствариле исклучителен придонес во областа на безбедноста на земјата, заштитата на националните интереси, унапредувањето на светскиот мир или во значајни јавни и приватни активности.

Со ова признание, Трамп ќе му оддаде почит на Џулијани за неговата долгогодишна јавна работа.

CATEGORIES
Share This