СЕ СЛУЧИ, НЕМОЖАМ ДА ПРОСТАМ Тоти за неверството на сопругата Илари, па со солзи за татко му

Легендарниот капитен на Рома во емисијата „Белве“ зборуваше за смртта на татко му, разделбата со Илари Бласи и луѓето кои ја искористиле неговата слава.

СЕ СЛУЧИ, НЕМОЖАМ ДА ПРОСТАМ Тоти за неверството на сопругата Илари, па со солзи за татко му
Фото: Принтскрин

Франческо Тоти вечерва од 21:25 часот ќе биде гостин во емисијата „Белве“ на италијанската телевизија Раи 2. Во обемното интервју со водителката Франческа Фањани, легендарниот италијански фудбалер отворено зборува за најтешките моменти од својот приватен живот и кариерата.

Италијанските медиуми веќе објавија делови од разговорот, во кој Тоти зборува за смртта на својот татко Енцо, разделбата со Илари Бласи, луѓето кои ја искористиле неговата слава, но и за разочарувањето од Рома.

Еден од најемотивните моменти во интервјуто се случил кога Тоти зборувал за својот покоен татко Енцо, кој почина во 2020 година. На прашањето што најмногу му недостасува од него, поранешниот капитен на Рома одговорил:

„Прегратка“.

Тој призна дека никогаш не му кажал на татко му дека го сака и дека денес длабоко жали поради тоа.

„Ова се работи што не ги правите, а потоа, кога повеќе нема луѓе кои ви биле поддршка во животот, се чувствувате изгубено и осамено. Сè е различно без него. Денес си велам дека бев глупав како к.р што не му кажав“, изјави Тоти.

Тој откри и дека слични грешки ги повторува во односот со своите деца.

„За жал, го правам истото со моите деца. Знам дека правам грешки“, призна Тоти, не успевајќи да ги задржи солзите.

Тоти зборуваше и за крајот на бракот со Илари Бласи, со која се раздели во 2022 година по 17 години брак и три деца. Водителката Франческа Фањани го потсети на претходното гостување на Илари во истата емисија, кога таа зборуваше за неверството и за тоа дека двајцата не успеале да го надминат она што се случило.

„Дали беше во право?“, го праша водителката.

Одговорот на Тоти беше краток и директен:

„Се случи. Не можам да простам“.

Поранешниот италијански репрезентативец беше прашан и дали во текот на кариерата имало луѓе кои се обиделе да ја искористат неговата слава и позиција. Тоти не се двоумеше во одговорот.

„Луѓе од кои никогаш не би го очекувал тоа, членови на семејството, пријатели, роднини. Многумина ја искористија. Со текот на времето, патиштата се разделуваат и сфаќате што всушност се случило. Да можев, не би го направил тоа повторно“, откри тој.

Тоти зборуваше и за односот со Рома, клубот во кој ја помина целата професионална кариера и со кој стана една од најголемите легенди на италијанскиот фудбал. Тој не го криеше разочарувањето од начинот на кој клубот се однесувал кон него во последните месеци од неговата кариера.

„Би сакал клубот да ме почитуваше повеќе“, рече поранешниот капитен на Рома.

Фањани го праша и дали постои можност еден ден повторно да се врати во клубот, но неговиот одговор е оставен за емитувањето на целата емисија. Интервјуто на Тоти се очекува со големо внимание во Италија, особено поради неговите искрени признанија за семејството, разводот и односот со клубот со кој ја поврза целата своја фудбалска кариера.

CATEGORIES
Share This