СИЛЕН РАСТ НА ВОЛСТРИТ Nvidia скокна 31 отсто, а технолошките акции го предводеа најголемото дневно закрепнување од април 2025 година

Акциите на Nvidia скокнаа за 31 отсто по објавата дека извршниот директор Џенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата.

СИЛЕН РАСТ НА ВОЛСТРИТ Nvidia скокна 31 отсто, а технолошките акции го предводеа најголемото дневно закрепнување од април 2025 година

Американските берзи забележаа силен раст, поттикнат од враќањето на довербата на инвеститорите во секторот за вештачка интелигенција и акциите на технолошките компании.

Индексот S&P 500 порасна за 4,73 отсто, Nasdaq Composite за 6,51 отсто, додека Dow Jones забележа раст од 3,01 отсто. За S&P 500 и Nasdaq ова беше најголемиот дневен раст од април 2025 година.

Акциите на Nvidia скокнаа за 31 отсто по објавата дека извршниот директор Џенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата. Растот се прелеа и кај другите компании од секторот за вештачка интелигенција: Micron Technology порасна за 19 отсто, CoreWeave за 22 отсто, а AMD за речиси седум отсто.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката за враќањето на Хуанг, оценувајќи дека тој не направил ништо погрешно и дека неговиот најголем придонес е создавањето на напредните чипови на Nvidia.

Според аналитичарите, враќањето на Хуанг ја зајакнало довербата во целиот сектор за вештачка интелигенција, иако остануваат неизвесностите околу финансирањето, геополитиката и долгорочната одржливост на инвестициите во оваа технологија.

CATEGORIES
Share This