СЕ ВРАЌААТ МИНУСНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – УХМР најавува студено утро и сончев ден

Температурите ќе се движат од -6 до 9 степени, а долж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен ветер.

СЕ ВРАЌААТ МИНУСНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – УХМР најавува студено утро и сончев ден
Фото: Национал

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре нè очекува сончево, но значително постудено време, со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури на одделни места ќе се спуштат до -6 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 9 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен северозападниот ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This