ПУТИН ПОВТОРНО БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА УКРАИНСКАТА АРМИЈА ОД ДОНЕЦК „Ако сакаат мир, мора да ги прифатат компромисите“

Путин изјави дека Русија сака да ја заврши војната, но дека одговорноста за постигнување договор сега е на украинската страна.

ПУТИН ПОВТОРНО БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА УКРАИНСКАТА АРМИЈА ОД ДОНЕЦК „Ако сакаат мир, мора да ги прифатат компромисите“

Рускиот претседател Владимир Путин повторно побара украинските сили да се повлечат од преостанатиот дел на Доњецката област, оценувајќи дека Украина треба да ги прифати компромисите предложени во досегашните мировни разговори.

Путин изјави дека Русија сака да ја заврши војната, но дека одговорноста за постигнување договор сега е на украинската страна.

Тој потсети дека во разговорите во Анкориџ, Алјаска, во август 2025 година, Москва предложила Украина да се повлече од преостанатите делови на Донбас, а за возврат да се замрзне фронтот во Херсонската и Запорошката област.

Осврнувајќи се на територијата во Доњецк што сè уште е под украинска контрола, Путин постави прашање дали има смисла Украина да ја брани по секоја цена, тврдејќи дека со текот на времето и онака нема да може да ја задржи.

CATEGORIES
Share This