ДЕНЕС ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Сончеви периоди, но вечерва дожд во делови од Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, а температурата ќе се движи од 0 до 19 степени.

Фото: Принтскрин
Денеска во Македонија нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но во вечерните часови следува промена на временските услови, кога на повеќе места во западните делови од земјава ќе има повремени врнежи од дожд.
Според прогнозата на УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне на одделни места повремено ќе биде засилен. Утринската и дневната температура ќе се движат во интервал од 0 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
CATEGORIES Македонија

