НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА Причините се поскапувањата и трошоците за живот, најавени и демонстрации против насилството врз жените

На првиот голем протест на 17 октомври, според полицијата, учествувале околу 565.000 лица, додека организаторите процениле дека имало 800.000 демонстранти.

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА Причините се поскапувањата и трошоците за живот, најавени и демонстрации против насилството врз жените

Франција и оваа сабота е зафатена од нов бран протести поради високите цени и зголемените трошоци за живот. Синдикатите, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ бараат конкретни економски мерки и подобрување на животниот стандард.

Ова е шеста последователна сабота на протести, но бројот на демонстранти постепено се намалува. На првиот голем протест на 17 октомври, според полицијата, учествувале околу 565.000 лица, додека организаторите процениле дека имало 800.000 демонстранти.

Паралелно, граѓански организации најавија протести во десетина француски градови против насилството врз жените, во пресрет на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, 25 ноември.

Демонстрантите бараат построги законски мерки, подобра институционална заштита и поголема поддршка за жртвите. Нови собири се најавени и за 28 ноември, меѓу кои и во Париз.

CATEGORIES
Share This