СЛИКА НА ВАН ГОГ ПРОДАДЕНА ЗА РЕКОРДНИ 190 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ЊУЈОРК Наддавањето траело само три минути
Делото го прикажува цутењето на костените во француското село Овер-сир-Оаз, каде што Ван Гог ги поминал последните месеци од животот.

Сликата „Расцветани костени“ (Châtaigniers en fleurs) на холандскиот сликар Винсент ван Гог беше продадена за повеќе од 190 милиони долари на аукција во Sotheby’s во Њујорк, со што беше поставен нов аукциски рекорд за дело на уметникот.
Продажбата беше неизвесна до последен момент поради спор со наследниците на поранешниот сопственик, еврејскиот издавач Самуел Фишер, кои тврдеа дека сликата била продадена под принуда за време на нацистичкиот прогон. Сепак, непосредно пред аукцијата била постигната спогодба, чии детали не беа објавени.
Делото го прикажува цутењето на костените во француското село Овер-сир-Оаз, каде што Ван Гог ги поминал последните месеци од животот. Сликата половина век не била изложена во јавност.
На истата аукција, делото „Арлекин“ од Пол Сезан беше продадено за повеќе од 111 милиони долари, а вкупната продажба на 12 дела од приватната колекција достигна речиси 412 милиони долари.

