ХРВАТСКА НЕМА ДА ЈА БЛОКИРА ЦРНА ГОРА ПОРАДИ МОРСКАТА ГРАНИЦА Но бара признавање на копнената граница кај Превлака
Хрватската државна секретарка Андреја Метелко Згомбиќ изјави дека поморскиот спор не треба да го забавува европскиот пат на Црна Гора, но дека почитувањето на меѓународното право и копнената граница е неопходно.

Хрватска е подготвена прашањето за поморското разграничување со Црна Гора да го остави за подоцнежна фаза од преговорите со Европската Унија, но бара Подгорица да ја потврди поранешната републичка граница на полуостровот Превлака.
Хрватската државна секретарка Андреја Метелко Згомбиќ изјави дека поморскиот спор не треба да го забавува европскиот пат на Црна Гора, но дека почитувањето на меѓународното право и копнената граница е неопходно.
Несогласувањата се одразија и врз преговорите за поглавјето 15 – Енергетика, чие затворање не доби согласност од Хрватска. Во меѓувреме, Црна Гора успеа да затвори уште две преговарачки поглавја – за даноците и регионалната политика.
Спорот околу Превлака и поморската граница меѓу двете земји сè уште нема трајно решение.

