НЕСТОРОВСКИ СЕ ПОМИРУВА СО КРАЈОТ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНАТА КАРИЕРА „Сакаат да ја подмладат Македонија и за мене нема место“
Искусниот напаѓач, кој последен пат настапи за Македонија пред три години, вели дека и покрај добрите настапи во клупскиот фудбал, повеќе не е дел од плановите на селекцијата.

Илија Несторовски смета дека неговата репрезентативна приказна со Македонија е најверојатно завршена, откако селекторот Гоце Седлоски се одлучи за подмладување на националниот тим.
Искусниот напаѓач, кој последен пат настапи за Македонија пред три години, вели дека и покрај добрите настапи во клупскиот фудбал, повеќе не е дел од плановите на селекцијата.
„Знам дека последните три години играм стандардно добро во силни првенства, но во репрезентацијата имаат нови планови, сакаат да го подмладат тимот и, за жал, нема место за мене“, изјави Несторовски.
Тој се осврна и на резултатите на Македонија, оценувајќи дека се многу лоши, но изрази надеж дека репрезентацијата наскоро ќе направи позитивен исчекор.
CATEGORIES Фудбал

